Зимски автомобилски гуми

Зимски автомобилски гуми

Зимските автомобилски гуми може да се препознаат по неколку визуелни индикатори како што е дизајнот на контактната површина на пневматикот, мекоста на гумата и материјалот од кој е направена и секако најбитната ознака на бочниот ѕид од гумата  “снегулка со планина и буквите М+S” 

Снегулката со планина означува задоволување на сите критериуми за безбедно возење при дозволени брзини во услови на снег и ниски температури(температури под +7 степени). М+S ознаката доаѓа како скратеница од англиските зборови Mud + Snow, што во превод би значеле кал и снег. Контактната површина на зимската М+S гума е така дизајнирана што во споредба со летните гуми пружи супериорно запирање и управување на снег и мраз. М+S ознаката се појавува и на гуми за сите сезони A+S гуми како индикатор дека може да се користат во зимски услови.

Законската регулатива во Република Македонија побарува од учесниците во сообраќајот да имаат сменети пневматици на своите возила најкасно до 15 Ноември, но препорачливо е пневматиците да се сменат и побрзо доколку температурите се веќе под +7 степени целзиусови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Top