Автомобилски гуми за сите сезони се наменети за возење во текот на целата година, имаат ознака АS исто така ја содржат и ознаката M+S. Овие гуми не се ниту зимски ниту летни, овие гуми се баланс помеѓу карактеристиките и перформансите на летните и на зимските гуми.
Овие гуми за сите сезони се наменети за возила кои не поминуваат голем број километри во текот на годината и се вистински предизвик во зимски и влажни услови. Најголема предност на овие гуми е нивната употреба низ текот на целата сезона. Секоја гума за сите сезони е компромис на перформанси и карактеристики кои мора да задоволат одредена потреба на корисникот.