За разлика од зимските пневматици, летните имаат својство да го заштитат автомобилот од “aquaplaning” на влажни коловози и да пружат удобно возење.
Летните гуми се користат во текот на летниот период кога надворешните температури се над +7 степени. Поради таа причина примесите во летните гуми ги прават гумите многу потврди во споредба со зимските, и ги прават многу по меки кога надворешните температури ке бидат над +15 степени.
Доколку зимските пневматици не се навремено сменети имаме ризик од продолжено запирање на автомобилот, бучава поради екстра мекоста на зимските гуми, аквапланинг и неефикасно искористување на гумите односно скратен животен век.
Летните гуми ги губат своите возни својства кога надворешните температури се под +7 степени. Летните гуми имаат посебен дизајн на контактната површина на пневматикот кој се состои од пори во облик на блокови, исто така лените пори се помалобројни од зимските пори на зимските гуми. Возилата со летни гуми запираат 6 до 7 метри побрзо за разлика од возилата со зимски гуми, во услови на високи температури.