ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
ВОВЕД
Друштвото за трговија и услуги ЦРНИ ГУМИ ДООЕЛ Скопје, преку својата веб страница со домеин www.crnigumi.mk овозможува online продажба,односно врши спроведување на финансиски трансакции преку својата платформа.
Ве замолуваме внимателно да ги прочитате наведените правила и услови кога започнувате со користење на веб страната, или вршите купување наши производи преку веб страната. Сето ова е јасно наведено и потенцирано од причина што со самото користење или правење нарачка преку веб страната или преку друг начин на комуникација автоматски се сложувате со овие правила.
Воедно Ве замолуваме, да одвоите време и да ги прочитате нашата политика на приватност и политика за колачиња.
Правилата и условите важат за сите лица (“Крајниот корисник“) подеднакво и доколку не се согласувате со било кој дел од овие правила и услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа веб страница и да прекинете да ги користите нејзините услуги.
ПРОФИЛ
Профил во доменот www.crnigumi.mk добива секој корисник кој ќе направи нарачка.
Со правењето на првата нарачка на www.crnigumi.mk автоматски ви се генерира кориснички профил, кој може да го користите за сите идни нарачки. Вие сами ги оставате личните податоци во профилот и може во секој момент да ги измените.
Во профилот може да:
- Вршите промена на Вашите лични податоци;
- Вршите промена на лозинката;
- Да видите историјат на извршени нарачки;
- Да превземете фактура во PDF формат за секоја извршена нарачка посебно;
Истовремено кога сте логирани на веб страната Ви е овозможена опција да оставате коментари на производите кои ги имате купено.
Со цел да избегнеме непотребно собирање на лични податоци, ја исклучивме опцијата за регистрација на профил без да се направи нарачка, и единствена опција за да имате профил на www.crnigumi.mk е преку нарачка.
Податоците ќе ги чуваме се додека сме легално обврзани или имаме ваша согласност или имате профил на www.crnigumi.mk. Вие можете во кое било време да побарате пристап до вашите Лични Информации или да ги избришете. Истовремено ве повикуваме и задолжително да ја прочитате нашата политика на приватност.
ЦЕНИ
Сите цени на оваа веб страница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.
Воедно ЦРНИ ГУМИ ДООЕЛ го задржува правото во било кое време да врши промена на цените на веб страната без претходна најава.
ПРАВЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ
Правењето нарачки во www.crnigumi.mk е исклучително лесно. Нарачка може да направите преку нашата веб страница, но и преку email.телефон, Viber и FB Messenger , зависно од начинот кој Вас повеќе Ви одговара.
Нарачка преку веб страната се прави на начин што од избраната категорија каде што се наоѓа бараниот производ, истиот го избирате и додавате во кошничката. Истата постапка е за секој производ кој сакате да го нарачате. Следно кое треба да го направите е да го притиснете копчето за нарачка по кое ќе Ви се појават полиња за внесување на Вашите лични податоци, по што бирате начин на плаќање и испорака и за крај кликате на копчето нарачај.
По целосно извршена уплата :
За успешна направена нарачка преку сајтот, ќе Ви биде автоматски генерирана и испратена email порака со потврда за Вашата нарачка, во која ќе бидат прикажани детали за нарачаните производи, адресата за испорака, контакт телефони, и др. Податоци,
За успешно направена нарачка преку телефон, Viber или FB Messenger, ќе Ви биде испратена порака преку SMS, viber, или FB Messenger.
За успешно направена нарачка преку email, ќе Ви биде испратена email порака со потврда за Вашата нарачка, во која ќе бидат прикажани детали за нарачаните производи, адресата за испорака, контакт телефони, и др. податоци.
Во моментот подржуваме два начини за плаќање на нарачките:
(1)Плаќање со картичка
(3)Плаќање преку Банка на Сметка (Вирмански)
Цената на испораката е дефинирана во самиот процес на нарачување.
ПОТВРДА НА НАРАЧКА
Ако изберете начин на плаќање (1) нарачката се смета за потврдена од Ваша страна со извршување на уплата на целокупниот износ на нарачката со картичка оnline.
Ако изберете начин на плаќање (2) или при нарачување на сајтот www.crnigumi.mk, или при нарачување преку SMS, email, viber, или FB Messenger, нарачката се смета за потврдена од Ваша страна откако ќе извршите уплата на про-фактура која ќе Ви биде доставена. По извршената целосна уплата ќе добиете потврда преку SMS, email, viber, или FB Messenger која ќе содржи детали за нарачаните производи, адресата за испорака, контакт лице и телефон .
Со потврдата на нарачката од Ваша страна, се смета декa е склучен договор за купопродажба склучен на далечина, согласно македонските закони, како и сите услови за купување објавени на овој сајт.
НАЧИН НА ИСПОРАКА
Испораката на сите производи на нашата веб страница се врши преку преку пошта или преку курирска служба.
Испораката се врши на адресата која ја имате запишано во Вашиот профил, при вршење на процесот на нарачка.
За доставата преку курирската служба да може да се одвива без проблем , при преземање на производот ќе го доставиме Вашето име, презиме и контакт телефон.
За производи кои не се во моментот на залиха и за кои е потребно дополнително време за да ги набавиме, за истите дополнително ќе Ве известиме за рокот за испорака.
Сите налози од наша страна се спроведуват по извршена целосна уплата за услугата било платено со платежна картичка електронски или со банкарски трансфер.
Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и за истите до 12 часот ги даваме налозите. ги да ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден. Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.
Производите за кои сте избрале да се достават преку курирска служба, истите ги превземаат покасно и се испорачуваат 1 до 2 работни дена а зависно од Вашата локација (помали места во внатрешноста на РСМ) и до 3 работни дена. Доколку производот е предаден да се изврши преку курирска служба , ќе Ви биде испратена потврда на на email или на SMS/viber/FB Messenger (зависно од начинот на кој сме ја примиле Вашата нарачка) дека производите се испорачани.
Не се врши испорака во време на недела и државни празници.
Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Освен ако не е поинаку назначено.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА
Производите нарачани во оваа интернет продавница ќе ви бидат испорачани во период од 1-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од Вашата локација. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.
По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.
Производите може да ги платите исклучиво со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).
Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.
Можно е пред испорака нарачките да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.
ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Бидејќи ЦРНИ ГУМИ ДООЕЛ се грижи за своите корисници, доколку сакате да го остварите правото на замена на производ а имате реална и основана причина за тоа, ќе Ве замолиме да ни пишете меил на контакт адресата: crnigumi@gmail.com со вашето име и презиме, денот кога настанала трансакцијата, уникатниот број на трансакцијата и причината заради која барате замена на производ.
Производот можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените рок од 15 дена од денот на преземањето.
Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го замениме.
Откога производите што сакате да ги замените ќе стигнат во нашето седиште. Веднаш ќе ви биде пратена соодветна замена согласно договор. Не може да правиме замени без прво да се вратат производите.
Не се прифаќа враќање ако производот е користен или е изменет од неговата оригинална состојба на било кој начин.
Враќањето на производите мора да биде во исправна и некористена состојба, и во оригиналното пакување кое ќе биде неоштетено.
Поштарината за замените е на сметка на клиентот.
РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување, со приложените документи (фаткура/број на нарачка) и број на трансакциска сметка да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.
Парите ги враќаме исклучиво на трансакциска сметка.
Доколку со производот сте платиле и поштарина, ве информираме дека поштарината не подлежи под поврат на средства и не може да се вратат парите за истата. Поштарината е искористена и платена услуга за која пари не се враќаат.
Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го прифатиме.
Откако производите што сакате да ги вратите ќе стигнат во нашето седиште,ќе се изврши нивна проверка и доколку е во ред, парите ќе ви бидат префрлине на Вашата трансакциска сметка во најкус можен рок.
Поштарината за враќањето на производите е на сметка на клиентот.
ОДГОВОРНОСТ
Крајниот корисник е согласен да ги почитува овие правила и услови при користење на оваа веб-страница, кои се во согласност со позитивната законска регулатива, и е согласен да се однесува според прифатливите етички и морални принципи на Република Северна Македонија.
Крајниот корисник потврдува дека која било содржина од оваа веб-страница нема да ја користи во незаконски цели, ниту пак за нивно промовирање.
ЦРНИ ГУМИ ДООЕЛ Скопје ќе го смета крајниот корисник за одговорен за каква било штета настаната поради негово однесување кое е спротивно на овие Правила и услови, позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, морал и етика или штета настаната како последица на злоупотреба на каков вид содржина преземена од доменот www.crnigumi.mk и ќе ги преземе сите правни дејствија за надоместување на причинетата штета.
ЈУРИСДИКЦИЈА
Седиштето на ЦРНИ ГУМИ ДООЕЛ е во Скопје, Република Северна Македонија. Правните спорови кои можат да настанат како последица на посетувањето и користењето на веб страницата (освен доколку со некаков договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на Основен граѓански суд Скопје и се решаваат во согласност со позитивните прописи на Република Северна Македонија. Со користењето на веб страницата, Крајниот корисник е согласен дека било кој правен спор или барање кој ќе произлезе или е во врска со овие Правила и Услови вклучувајќи ја и нивната имплементација, е во надлежност на Основниот граѓански суд Скопје.
Скопје, 25.10.2022 година